Стејт департмент: Корупцијата пречка за воспоставување ред во Албанија

Американскиот Стејт департмент во својот извештај за 2015 година наведува дека корупцијата во комбинација со албанскиот правосуден систем, кој слабо функционира, продолжува да ги попречува напорите за восоставување ред на целата територија на Албанија.

Исто така се додава дека Албанија донирала големо количество оружје и муниција за силите во северен Ирак.

– Кога станува збор за легислативата, Албанија предвидува казни за терористички акти, финансирање тероризам, собирање, трансфер и прикривање фондови за финансирање тероризам, трансакции со лица кои се на листата на санции на ОН, регрутирање и обука на лица за вршење трористички акти, поттикнување, предводење и учество во терористички органзации, се истакнува во извештајот.