Стејт департментот мета на хакерски напад

Стејт департментот бил мета на хакерски напад. Како што пренесе МИА, по нападот се преземени соодветни мерки за прекин на целиот систем за електронска пошта, се додека бидат отстранети евентуалните штети.

Висок функционер истакна дека нападот бил откриен во системот речиси истовремено како и претходниот инцидент врз компјутерската мрежа на Белата куќа. За овој инцидент беше сооопштено кон крајот на минатиот месец, но тогаш немало информации дека е загрозен и Стејт департментот.

Институцијата ја исклучила електронската пошта во петокот, како дел од планиран прекин на некои од системите поврзани со интернет, со цел да се зајакне безбедноста врз главната компјутерска мрежа со електронска пошта која не содржи тајни информации.