Што доколку мобилниот ви падне во вода?

Мобилните телефони се многу чувствителни на влага, особено паметните телефони. Еве неколку совети што да направите кога мобилниот телефон ќе дојде во контакт со вода.

Извадете го телефонот од вода што побрзо – откако ќе го извадите изгасете го за да не дојде до краток спој.

Ако веднаш сте го извадиле мобилниот од вода нема да бие штетен. Сепак, ако паднал во вода, а притоа бил уклучен на полнач, немојтеда го вадите од вода, за да не ве удри струја. Прво извадете го осигурувачот за просторијата во која се полнел телефонот. Мобилниот телефон е важен, но вашето здравје е сигурност се поважни.

Што побрзо исушете го телефонот – расклопете го телефонот, извадете ја батеријата и избришете ги деловите кои можете. Проверете дали водата нанела штета или не. Погледнете во аголот во близина на местото каде се наоѓа батеријата – би требало да видите бел квадрат или круг, со или без црвени линии. Ако е розов или црвен, водата го оштетила.

Отстранете ја СИМ картичката – така ќе ги спасите вредните податоци и контакти кои се сочувани на картичката.

Отстранете ги останатите работи кои може да ги извадите од телефонот – тоа се однесува на маската на мобилниот и мемориската картичка.

Исушете го телефонот со мека крпа – собирајте ја секоја капка, за да спречите кратки споеви и корозија. Не го тресет мобилниот телен за водата да не се навлезе во деловите до кои не дошла.

Користете правосмукалка – со неа ќе ја извлечете водата која не можете да ја избришете со крпа. Никако не користете фен.

Пред уклучувањето почекајте барем 24 часа – проверете дали сите места на телефонот се суви. Ако се, уклучете го мобилниот на полнач и погледнете дали работи. Во случај да не работи можеби станува збор за батеријата, па најдобро е да се однесе во сервис за да се замени батеријата.