Што вашата омилена секс поза говори за вас?

Мисионерска поза, секс од позади, стоејќи… Еве што говори за вас вашата омилена секс поза.

Мисионерска поза

Мисионерската поза е за оние што сакаат едноставност. Лицата на кои ова им е омилената поза сакаат се да биде едноставно. Обожавателите на мисионерската поза уживаат во тоа да го гледаат партнерот во очи за време на сексот и да му изјавуваат љубов.

Кучешка поза (Доги)

Оние што уживаат во сексот од позади склони се на тоа пред другите да негуваат имиџ на серозна личност, а во приватниот живот се сосема поинакви. Овие луѓе сакаат во креветот да биде „зачинето“ па затоа кучешката поза секогаш им е прв избор.

Жената од горе

Таа е жена што знае што сака! Дамите на кои што оваа поза им е омилена секогаш точно знаат што сакаат и не се плашат да го побараат, без разлика дали станува збор за нови чевли, работа или оргазам. Само напред!

Свртена каубојка

Оние на кои што оваа поза им е омилена се „легенди“. Нив не ги интересира што има некој да им каже. Тие се со авантуристички дух, а поголемиот дел од нив би сакале да уживаат во омилената поза и на јавно место, затоа што не ги интересира дали некој ќе ги види.

Стоејќи

Ако уживате во секс во стоечка положба вие сте со натпреварувачки дух. Вие се во животот доживувате како натпреварување, а ниту сексот не е исклучок – затоа воопшто не е лесно да најдете партнер што може да ви одговара.

Секс пред огледало

Овие луѓе, се во животот, па дури и сексот, го доживуваат како перформанс. Сакате сите погледи да бидат вперени кон вас – затоа и сакате тоа да го правите пред огледало, а сакате да играте и секси улоги, имате еден тон секси облека, како и барем едно домашно видео.