среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Стобиранка – голема наградна игра од Витаминка со брендот Стоби

Наградната игра „Стобирај и вози“ започнува на 20-ти септември и ќе трае до 25-ти декември, кога е последното извлекување на добитниците.

vitaminka-640x492

Последни вести

Три автомобили, скутери, ховерборди, ЛЕД телевизори, таблети и уште над 500 други вредни награди се дел од големата наградна игра на Витаминка и омилените грицки Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс и Стоби Стикс.Наградната игра „Стобиранка“ започнува на 20-ти септември и ќе трае до 25-ти декември, кога е последното извлекување на добитниците. За учество и можност за добивање на некоја од бројните награди, потребно е само да се соберат 5 празни кесички од Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс или од Стоби Стикс од кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се остави во видливо обележаните кутии во продажните места низ целата држава или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.

„Како бренд што поврзува генерации и некако го следи развојот на Витаминка, се решивме да направиме наградна игра за производи од брендот Стоби. На овој начин сакаме да им се заблагодариме на потрошувачите кои го ценат квалитетот на овој производ што прерасна во домашен бренд број еден“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Стобиранка има вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување. Првото извлекување ќе биде на 23-ти Октомври, второто на 27-ми ноември и третото на 25-ти декември. Од првите две извлекувања ќе биде доделен по еден автомобил Toyota Yaris и други вредни награди, додека на третото извлекување главната награда е најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија. Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.

Сите подетални информации за наградната игра како и јавното објавување на добитниците ќе бидат поставени на веб платформата www.stobiranka.mk.

Најчитани вести