Севернокорејското „безобѕирно однесување“ претставува глобална закана којашто бара глобален одговор, изјави во генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во неделата.
Северноатлантскиот сојуз не е директно е вмешан во кризата во којашто Северна Кореја го изведе шестиот и најсилен нуклеарен тест пред една седмица, но повторно го повика Пјонгјанг да се откаже од своите нуклеарни и балистички ракетни програми.
„Безобѕирното однесување на Северна Кореја претставува глобална закана и бара глобален одговор и тоа секако го вклучува НАТО“, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг во интервјуто за британскиот јавен сервис BBC.
Столтенберг одби да одговори дали американската територија Гуам, на кој му се заканува Пјонгјанг, е покриен со членот 5 од договорот за НАТО кој подразбира дека напад врз една членка на сојузот претставува напад на сите.
„Сега сме целосно насочени на тоа како можеме да придонесеме на мирното решение на судирот“, додаде Столтенберг.
Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, исто така, за BBC изјави дека воениот судир би требало да биде избегнат по секоја цена.