Стотици илјади луѓе од сите делови на Париз се приклучуваат на историскиот Марш за да изразат солидарност.
Тие извикуваат: Шарли, Шарли, во знак на сеќавање на убиените новинари од сатиричниот весник Шарли ебдо.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, германскиот канцелар Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнаа порано во Елисејската претседателска палата за да учествуваат со останати светски лидери во историскиот марш против теророт.
На нив им се приклучија и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.