Странските служби не ги трошат своите капацитети ако немаат интерес

Доколку странските разузнавачки служби немаат интерес од прибирање на информации за некого, тие не би ги трошеле своите капацитети, смета универзитетскиот професор Ненад Танески.

-Дали станува збор за предизвикување нестабилност, промена на власта, промена на име, или што и да е, секако тоа е исклучиво во интерес на странската држава која стои зад овие служби и таквите интереси секогаш се спротивни од интересите на нардот. Да не би било тоа така тогаш тие не би ги трошеле своите капацитети за прибирање информации и градење на соработнички мрежи кои се подпомогнати од локалните актери. Сите овие дејствија се многу скапи и бараат многу време за да накрај дадат резултат. Криење на информации за извршено кривично дела, а во случајов сознанија за постоење на странски служби и соработка со истите го прави лидерот на опозицијата соучесник во остварување на туѓи национални интереси и тука веднаш се става под знак прашалник кредибилитетот на лидерот, кој доколку добие на избори би тербало да ја води државата, повторно ќе прашам за кого тој тогаш ќе работи, за чии интереси, кој бил залогот за кој тој се вложил и се пазарел за да добие информации од странска разузнавачка служба, посочи Танески во вестите на Канал 5 телевизија.