Субрата ќе плати 1,7 милијарда долари за да излезе од затвор

Врховниот суд на Индија го усвои предлогот на индискиот бизнисмен Субрата Рој за негово излегување од затвор да се платат околу 1,7 милијарди долари.

Сумата треба да се уплати на три рати. Првата рата од 415 милиони долари треба да се плати за три дена, а за останатиот дел да се даде банкарска гаранција која ќе може да се искористи до 30 мај и до 20 јуни.

Предуслов за овој предлог е итно ослободување на Рој и двајца други директори од притвор и одмрзнување на имотот на неговите компании. Групацијата „Сахара“ на судот му испратила и листа на имоти на индискиот милијардер кои можат веднаш да се продадат за да се обезбедат потребните пари.

Целокупниот долг на Субрата Рој е 4 милијарди долари.