Судири во Атина: Повредени 3 полицајци, 35 лица повредени (видео)

Смртта на младиот Алексис Григоропулос и по 7 години сеуште ја прогонува Грција.  Во синоќашните судири во Атина меѓу полицијата и група млади луѓе, кои синоќа ја одбележуваа годишнината од убиството на тинејџерот, повредени се тројца полицајци, а 35 лица се приведени.

Грчката агенција АНА јави дека во Атина по синоќешните судири е мирно.

Судирите започнале на крајот на протестот организиран од анархистичките фракции, кога демонстрантте почнале да фрлаат молотови коктели врз полицијата.  Полицијата одговори со шок бомби и солзавец.

Околу 500 луѓе синоќа се собраа во квартот Ексархија, популатно собиралиште на анархистите и место каде полицаецот Епаминондас Корконеас на 6 декември 2008 година го застрела 15-годишниот Григоропулос.