Суспендирани пет претставници на Жандармеријата кои учествувале во интервенцијата во која беше претепан Андреј Вучиќ, братот на премиерот на Србија.
Освен МВР на Србија за тој случај води и воената полиција и Воено-безбедносната агенција. Министерот за внатрешни работи Небијша Стефановиќ изјави вчера дека истрагата за претепувањето на братот на премиерот Александар Вучиќ наскоро ќе биде завршена и оти јавноста ќе биде запозната со деталите.