Тоалетни шолји затнати со банкноти од 500 евра

Швајцарското обвинителство покрена истрага за да утврди зошто тоалетите во банка и три ресторана во ист кварт во Женева биле затнати со снопови од банкноти од 500 евра во вкупен износ од 100.000 евра.

Банкнотите, чијашто автентичност е потврдена, веројатно биле исечени со ножици и фрелни во тоалетните шолји, појасни портпаролот на правосудството на Женева.

Сево ова се одриграло во мај кога прво биле затнати тоалетните шолји во филијалата на банката UBS. Само неколку дена потоа таквата ситуација се сличила и во санитарните јазли на три ресторана во истиот кварт.

Дел од парите надлежните служби успеале да ги извлечат, новедуваат иследниците кои на ова ниво од истрагата одбиле да соопштат други поединости. Меѓутоа, дневниот весник Tribune de Geneve пишува дека парите им припаѓале на Шпанки кои пред неколку години ги положиле во сеф во Женева.

Засега нема  показатели дека би можело да станува збор за „валкани“ незаконски стекнати пари. Портпаролот на банка UBS одбил да ја коментира истрагата.

Европската централна банка (ECB) минатата 2016 година донесе одлука да престане да ги печати банкнотите од 500 евра, бидејќи тие токму биле најчесто користени за противзаконски активности, вклучително и перење пари.

Според лани објавената студија на Харвард, речиси 30 отсто од преку 1.000 милијарди евра готовина во оптек, во 2015 година биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ECB.

Банкнотата од 500 евра е една од највредните во светот, со вредност која во моментот е повеќе од пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.