СЗО: Во Нигерија повеќе нема ебола

Светската здравствена организација денеска објави дека во Нигерија нема повеќе ебола, откако шест недели по ред нема нов случај на заразени од овој смртоносен вирус.

СЗО во петокот објави дека и во Сенегал нема веќе ебола.

Досега, повеќе од 4.500 луѓе од Западна Африка, најмногу во Либерија, Гвинеа и Сиера Леоне починаа како последица на вирусот.

Според проценките, 70 отсто од заразените починале во овие земји. Последниот случај на ебола во Нигерија е забележан на 5 ноември. Првиот регистриран случај на овој вирус во Нигерија беше во јули, од заразени патници кои со авион слетале во главниот град Лагос. Во оваа земја досега се потврдија 19 случаи на ебола случаи, во кои седум лица починаа.