Тајфун на Филипините однесе 28 жртви

Тајфунот Хагупит ослабна и се повлекува од Филипините, откако зеде најмалку 28 жртви во источните и централни провинции на земјата и протера над 1,6 милион лица од своите домови, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти, објави МИА.

Хагупит во Манила за време на ноќта донесе само умерени ветрови и дожд и беше ослабнат до ниво на тропски циклон.

Нема податоци за поплави во главниот град Манила, каде училиштата, државните служби и финансиски пазари беа превентивно затворени поради бурата.

Бурата Хагупит се очекува да ја напушти територијата на Филипините до среда на попладне.