Таксист прегази девојче во Центар

Такси возило, марка „опел“  прегази девојче денеска околу 12 часот, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на студентскиот дом „Кузман“ во Скопје.

Повредената е веднаш пренесена во Ургентниот центар, но засега нема информации за нејзиниот идентитет, ниту за здравствената состојба. 

Во моментот полицијата извршува увид. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало дека тој нема присуство на лакохол во крвта.