четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Таткото гледал како сопругата го фрла детето од тераса

Поврзани вести

Таткото на шест годишното момче кое е тешко повредено откако неговата мајка го фрли од терасата на станот на 4-тиот кат, целата драма ја гледал од пред зградата, пренесува „Курир“.

Очевидци на настанот во Хиподром велат дека таткото ја убедувал сопругата да не прави такво нешто, но бидејќи не бил сигурен повикал неколку лица за да му помогнат и да го пречекаат детето долу, доколку се случи најстрашното.

Разубедувањата не помогнале, мајката го седнала детето на оградата од терасата и го турнала. Малото момче удрило со глава во метална шипка на третиот кат, а со возило на Итна медицинска помош било веднаш пренесено во Ургентниот центар. Лекарите констатирале дека шестгодишниот Марко има фрактура на черепот, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Најчитани вести