Банда испрала над 390 милиони евра

Европската полиција уапсила 58 лица осомничени за огромни даночни измами и перење пари, објави „Европол“.

Акцијата под кодно име „Операција сништа“ била раководена од шпанската полиција, а учествувале нивни колеги од Белгија, Бугарија, Германија, Унгарија, Италија, Португалија и Романија.

Осомничените биле уапсени во Германија, Шпанија, Белгија и Португалија.

Групата која работела низ цела Европа во изминативе девет години е осомничена за измама со ДДВ и перење пари во износ од повеќе од 390 милиони евра.