Гинекологија бара донации за опрема, а сметката блокирана поради тужби

Иако пред два дена Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство  испрати соооштени дека нема долгови поради коишто би биле загрозени здравјето на пациентите, безбедноста на вработените или пак работењето на клиниката, сепак за НОВА, директорката  Викторија Јовановска потврди дека сметката на клиниката е блокирана .

Сметката на Клиниката за гинекологија е блокирана за 410 000 евра кои установата морала да ги исплати по основ на тужбени барања од семејства кои во 2008 година ја тужеле клиниката. Станува збор за тужби поради дијагноза, ретинопатија која не била навреме откриена кај нивните бебиња поради што децата останале со трајно слепило. Овие тужби се од периодот кога на Гинекологија немаше протокол според кој очни лекари треба да доаѓаат и да ги прегледуваат предвреме родените бебиња.

– Сметката е блокирана од понеделник и тоа за тужби од 2008 година. Моравме да исплатиме за две тужби одеднаш, едната е во висина од 160 000 евра, а другата изнесува 250 000 евра –  изјави за НОВА Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Пред  два дена од клиниката објаснија дека донаторската кампања е започната уште на 17-ти Ноември 2017-та година, на Светскиот ден на предвреме родените бебиња и ќе трае до ноември годинава.

Во соопштението објаснија дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема. Клиниката за Гинекологија и акушерство има обврска на операторите, каде што се слеваат донациите, да им приложи фактури и извештаи за купената опрема.

Коментарите в о јав носта беа насочени кон тоа дека не е етички да се бараат пари од граѓаните за јавна здравствена установа за која треба да се грижи државата, а истата има и сопствен буџет. Луѓето се прашуваат како на сето ова ќе реагираат трудниците кои треба да одат да се породат, дали тоа ќе внесе страв и несигурност кај нив. Во ситуација кога се собираат донации за лекување на деца во странство кампањата за собирање на донации на Гинекологија предизвика негативни реакции.