Шалтерите на Агенцијата за катастар на недвижности со продолжено работно време

Шалтерите во Центарот за катастар на недвижност Скопје и катастарите во поголемите градови низ Македонија од денеска ќе работат со продолжено работно време до 19 часот, информира Агенцијата за катастар на недвижности.

Ваквата одлука е за да им се излезе во пресрет на граѓаните за обезбедување имотен лист, кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места, чиј рок истекува на 15 декември.

– Апелираме до граѓаните дека покрај во катастарот имотен лист по иста цена од 180 денари, може да се добијат и кај професионалните корисници на услугите на катастарот односно кај секој нотар, општина, геодетска компанија, поточно на преку 600 други локации низ Република Македонија, се вели во соопштението од Агенцијата.

Листата со адреси и контакт телефони е објавена на веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности www.katastar.gov.mk.