Тодор Петров го оспори изборот на Талат Џафери пред Уставен

Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес смета дека Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија независно од тоа што одлуката е веќе објавена и испечатена во служениот весник и стапила на сила.
Петров вчера поднел претставка до уставниот суд за поништување на изборот на Џафери.

Како што тврди  за медиумите, Талат Џафери според него, нема никаков легитимитет да се претставува како претседател на собранието, бидејќи е избран спротивно на уставот, законот за собрание и деловникот.