Температури под нулата на територијата на Македонија

На територијата на Македонија утрово се измерени температури под нулата. Најниска температура, минус 14 степени Целзиусови, во Македонија во седум часот изутрина е измерена во Беровo.

Mинус 13 степени се измерени во Битола, а минус 12 во Лазарополе, Дебар, Маврово и Тетово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје Петровец се измерени -11 степени, -10 во Тополчани, Прилеп, Куманово, Штип и Крива Паланка, – 9 Скопје и во Пожаране, -8 Охрид, Крушево, Демир Капија, Кавадарци и Струмица, -7 во Виница и Ѓуриште, -6 Претор, -5 Гевгелија и во Пожар и минус 3  во Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност прекуноќта облачноста ќе се зголемува. Температурата ќе достигне до 3 степени.

Во наредниот период ќе продлжи периодот на стабилно, суво и студено време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени