Тендер за три електрични локомотиви за МЖ Транспорт, инвестиција од 7 милиони евра

Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија.

Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.

– Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за обнова на патот Дојран -Николиќ.