Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, едно лице тешко повредено

Тепачка помеѓу 10 до 15 мигранти се случила вчера во кумановското село Ваксинце, а едно лице со тешки повреди нанесени најверојатно од остар предмет заврши на скопските Клиники.

Случајот синоќа околу 22.35 часот во полициската станица во Матејче, го пријавил жителот на селото Ваксице Х.А.. Според неговиот исказ во село Ваксинце,  10 до 15 непознати лица, најверојатно мигранти, меѓусебно се степале.

Како што информира МВР, во истиот период од Општата Болница во Куманово во кумановската полиција било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен С.Р. (25) од Пакистан.

Истиот бил донесен со повреди во пределот на десната страна  од градниот кош  нанесени од остар предмет, по што како итен случај веднаш бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.