Тешка кражба во манастир во тетовско

Манастир во тетовско Беловиште мета на арамија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последниве два дена цел на арамија бил манастриот „Свети Јован Крстител“ во тетовското село Беловиште.

Според информациите од полицијата, арамијата успеал насилно да ја отвори манастирската врата, а потоа влегол во просторијата од каде украл 3.000 денари.

Тетовската полиција работи на пронаоѓање на сторителот.

Минатиов месец беа ограбени и неколку цркви во скопско и гостиварско.