(Обновено) Тешка сообраќајка во Куманово, тројца загинаа

Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Куманово.

12500257065 102052953879968

Според првичните информации на СВР Куманово, автомобил „БМВ“, по 17 часот, движејќи се од населбата Бедиње кон Куманово, изгубил контрола, излетал од улицата „11 Ноември“, се превртел и паднал од мостот над автопатот по кој се движела цистерна, пренесува МИА.

Во автомобилот биле четири лица од кои двајцата починале веднаш, а едниот на пат кон кумановската болница, соопштија од Итна помош Куманово.

Четвтото лице е тешко повредено, а, како што информираат од одделението на хирургија, повреден е и возачот на цистерната кој во обид да го избегне возилото, преминал во другата коловозна лента.

Тројца од вкупно четворицата патници во автомобилот „БМВ“ се од Куманово, а едниот е од Ваксинце.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам