Тетово: Најсреќен Даниел Милошески

Дваесет и осум годишниот Даниел Милошески беше најсреќниот меѓу верниците кои влегоа во базентот од дворот на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово и кој го фати осветениот крст на денешното одбележување на верскиот празник Богојавленије Водици.

На празнувањето на Водици во Тетово присуствуваше и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов кој му честиташе на Милошески за неговиот успех.

-Првпат скокам по крстот на Водици. Навистина сум возбуден и изминатата ноќ три пати сонував дека ќе го фатам крстот и ете ми успеа. Им посакувам мир , среќа, благосостојба и здравје на сите луѓе во светот, изјавил Милошески.

Освен во Тетово претседателот Иванов празникот Водици ќе го проследи и во Гостивар каде по околу седумдесет години ќе се прослави овој ден со фрлање на крстот во Вардар.