Тигрите го ваделе телото во распаѓање, потполковникот на АРМ починал дента кога исчезнал

Полицијата вчера потврди дека возачот кој беше пронајден мртов на автопатот Скопје- Велес е 45-годишниот Робертино Чонтев, потполковник во АРМ, кој беше пријавен како исчезнат на 24 јули годинава.

Тој беше пронајден мртов кај автомобилот кај тунелот во Катланово.

Како што пренесува Дневник, мистеријата е решена на 1 август кога возач со својот автобил застанал на патот да се одмори и го видел паднатиот автомобил, по што веднаш ја известил полицијата. Уште кога беше пронајден автомобил Рено 9 каков што возел потполковникот, се претпоставуваше дека ќе биде пронајдено неговото тело.

isceznat-4-

Алпинистички тим на Тигрите со јажиња влегол во амбисот и забележал маж во фаза на распаѓање. Телото било извлечено по неколкучасовна интервенција.