Тилерсон во Бејрут во екот на тензиите поради границата

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во Бејрут во четвртокот, каде што ќе разговара со либанските челници во екот на тензиите меѓу Либан и Израел поради поморските и копнените граници.

Владини извори за агенцијата DPA изјавиле дека либанските функционери со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе разговараат за изградбата на спорниот ѕид по должината на либанската јужна граница.

Либанскиот претседател Мишел Аун се сретна со Тилерсон ведаш по неговото доаѓање, а шефот на американската дипломатија ќе има разговори и со челникот на парламентот Набих Берири и со премиерот Саад ал-Харири.

Мал дипломатски инцидент настанал кога Тилерсон требало да се сретне со министерот за надворешни работи, кого наводно морал да го чека неколку минути додека не се појавил. Телевизиските кадри го прикажаа Тилерсон како седи во просторија покрај празна столица, а дури потоа влегува министерот Гебран Басил и се ракуваат.

Либанскиот протокол негираше дека имало некакво искокнување од дипломатскиот протокол. Тилерсон, според нив, дошол неколку минути порано од предвиденото и состанокот започнал навреме.

Изминатите седмици се зголемија тензиите меѓу Либан и главниот американски сојузник во регионот Израел, поради подморјето во граничната област коешто е богато со природен гас. Покрај тоа, пред да замине за Бејрут, Тилерсон го критикуваше Хезболах поради неговата поврзаност со Иран, а либанското шиитско движење е дел од коалициската влада. Хезболах е близок сојузник на Слободното патриотско движење на претседателот Аун.

„Знаме дека либански Хезболах е под влијание на Иран. Сметаме дека тоа влијание нема да му помогне на Либан, во долгорочна смисла“, изјави Тилерсон во средата во Јордан. Ова движење, инаку САД го сметаат за терористичка организација.

Посетата на Либан на Тилерсон е во рамките на неговата турнеја во текот на којашто веќе ги посети Египет, Кувајт и Јордан. Турција е последната станица на неговото патување, а таму треба да пристигне подоцна во четвртокот.