Тинејџер нападнат и ограбен во центарот на Скопје

Во строгиот центар на Скопје малку пред полноќ во неделата, под закана со нож е нападнат и ограбен информираше СВР Скопје.

Осумнаесетгодишниот скопјанец Ф.А. пријавил дека ноќта на 25 јуни околу 23,50 часот на автобуската постојка на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје две непознати лица му извршиле разбојништво.
Додека Ф.А. чекал автобус, сторителите му се приближиле, едно од лицата ја ставило раката на појас, каде најверојатно имал нож и му рекол да извади се што има во џебовите. Тогаш Ф.А. се обидел да избега, но сторителите физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата, по што го легнале на земја и од џебовите му одзеле мобилен телефон и очила, а потоа го напуштиле местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.