Тинејџер прободен со нож на „Партизанска“

Шеснаесетгодишен малолетник вчеравечер бил прободен со нож на булеварот „Партизански одреди“, во близина на трговскиот центар „Сити мол“.

Напаѓачот е седумнаесетгодишно момче, а инцидентот се случил на автобуска постојка.

Од полицијата информираат дека на момчето му е укажана лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“, каде му биле констатирана телесна повреда.

Оттаму најавуваат и дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.