Тодоров: СДСМ тврдеше дека се бори за слобода и демократија, а се бореа само за партиски позиции

Мислам дека СДСМ предлабоко загази со игрите и манипулациите и сега многу тешко ќе се извадат од оваа ситуација,смета министерот и вицепремиерот во Владата на Република Македонија, Никола Тодоров.

СДСМ, додава тој правеа се за де се продолжи кризата, ние правевме се за тоа да не се дозволи.

Ние доаѓавме на преговори за се договориме и сега ќе работиме максимално за да се исполнат услови лидерите да кажат дека нема пречки за фер избори и нека победи подобриот за да се формира влада и да се стави кај на кризата, вели Тодоров.

СДСМ постојано манипулираше, манипулираше и со оние со кои се бореа како што велеа слобода и демократија.

Велеа дека се борат за слобода и демократија а во суштина се бореа само за партиски позиции. И кога тоа ќе излезе на виделина, очекувано е да има разочарувања, вели Тодоров.