Тодоровски освои бронзен медал во Светската премиер карате лига

Тодоровски освои бронзен медал во Светската премиер карате лига

Каратистите од “Макпетрол” и за оваа лига најавија свое учество и беа дел од вкупно пријавени 55 држави од 219 клуба со 719 пријавени спортисти во сениорска конкуренција. Екипата на Макпетрол настапи со осум натпреварувачи.

Томе Тодоровски по поголема пауза најави успешно враќање на татамите. Тој успеа да го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми на вториот ден од Карате 1 Премиер лигата во Кобург, Германија, и ја продолжи успешната сезона на македонското карате, односно да се освои медал на турнир од Премиер лигата.

Томе најпрво го совлада со 2-1 Томас Касерер од Австрија, откако во првото коло беше слободен, за потоа да биде убедливо совладан од Кујтим Бајрами од Швајцарија со 8-0. Но, во стилот на вистински шампион, во репасажот маестрално ги доби сите три борни и заслужено го освои третото место и бронзениот медал.

Тодоровски во првата борба од репасажот го доби Колумбиецот Карлос Морено по резултат 0-0 (3-2) на изјаснување, со 4-3 го совлада Хезус Коста од САД и во одлучувачката борба повторно со изјанување на судиите славеше (0-0, 3-2) над Џек Гил Барнеј од Нов Зеланд.

kkmakpetrol2

Во истата категорија вториот натпреварувач на Макпетрол, Игор Таневски, беше поразен во првото коло од Стивен Дакоста од Франција со 9-0. Но, и во репасажот загуби од Ментор Бутуци од Швајцарија со 2-0.

Во најтешката категорија +84 кг, Емануел Ристевски (Макпетрол) имаше учинок 1-1, однонсо во првото коло го победи Лоренцо Панаро од Италија (0-0), за потоа во интересна борба да биде поразен од Русинот Александер Пшеницин со 8-6.

Во категоријата -61 кг Симона Заборска (Макпетрол), стартуваше од второто коло во првото коло беше слободна. Таа на стартот забележа победа против Бетина Алсштадсетер од Норвешка со 2-1, за потоа во третото коло борбата со Мерион Фарнсози од Швајцарија да заврши нерешено 2-2, а победата да и биде доделена на Швајцарката. И Наташа Стефановска (Макпетрол) е со биланс 1-1. Таа ја победи во првото коло, Дилета ди Бендето (Италија) 0-0, а загуби од Бразилката Оливеира Маикен де Стефен Мачадо со 4-3.

kkmakpetrol3

Ана Марија Несторовска (Макпетрол) во првата средба беше совлдана со 2-1 од Ноеми Корнфелд од Швајцарија.

Во категорија – 75 кг на своето деби Петар Заборски (Макпетрол) забележа победа и пораз. Заборски славеше против Полјакот Мациеј Богужевски со 4-1, но загуби со 5-0 од Ваи Ли Ка од Хонг Конг.

Симон Антиќ (Макпетрол) забележа три победи во низа. Тој ги совлада Брајан Тимерманс (Холандија) 1-1, Александер Георџиф (Австралија) 4-0, Жулиом Тремблеј (Канада) 3-0, а за влез во полуфиналето се бореше против Валери Чоботар од Украина и беше совладан со резултат 2-1.

Извор: Курир