Трагедија: Малолетник се самоуби во БиХ

Единаесетгодишниот Алан Хоџиќ откако влегло на настава им се заканило на другарчињата дека ќе скокне од прозорец. Тие не го сфатиле сериозно, мислејќи дека се шегува со нив, а момчето навистина го отворило прозорецот и се фрлило. Во Бихаќ вчера беше ден на жалост.

Хоџиќ во понеделникот скокна од втор кат од прозорецот на училиштето каде учи.

– Не ни е јасно, дали паднал, дали се фрлил. Ова е голема трагедија. Жал ни е, велат од училиштето каде се завиени во црно.

Постои верзија дека Алан сакал да фати Вифи сигнал од кафулето до школото, па несакајќи паднал од прозорецот.

Полицијата го истражува случајот.