По невремето кое ја зафати Македонија, голем број на улици низ земјава останаа блокирани и за возачи и за пешаци, но сликата низ главниот град беше сосема поинаква.
Големите улици и булевари под надлежност на Град Скопје беа исчистени уште вечерта минатата недела, кога паднаа големи количини снег.
Градоначалникот Коце Трајановски максимално се ангажира на терен и ги активираше сите служби под негова надлежност.
Ниту во еден момент во македонската метропола, на клучните улици и булевари немаше никаков застој во сообраќајот.
Граѓаните од главниот град на Македонија се задоволни од експресната реакција на службите, кои ажурно си ја завршија својата разлика.
Екипите на зимската служба на Град Скопје продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите. Беа фрлени 120 тони сол.
Во Кичево, на пример, граѓаните останаа буквално заробени во снегот, а нивниот градоначалник за истото им ја префрли вината велејќи дека тие сами требало да си чистат.