Три лица загинаа при пад на хеликоптер во Русија

Три лица загинаа, откако хеликоптер се урна во рускиот автономен округ Јамало-Ненецки, јави ТАСС, пренесе МИА.

Локалните власти соопштија, дека луѓето кои биле во хеликоптерот загинале.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, три хеликоптери патувале од Коми кон островот Белиј, но дека кога се доближиле до островот времето се влошило.

Еден од хеликоптерите тргнал да го провери реонот, а другите два се упатиле кон местото Сабета. По доцна, хеликоптерот кој тргнал во обиколка, се урнал.