Христијанско братство, Единствена Македонија, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации почнаа кампања под слоганот „Македонија бојкотира“.
Ова е голем ден за Македонија бидејќи се случува едно семакедонско обединување, истакна лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев кој го предводеше денешниот собир.
Тој додаде дека дека граѓаните на Македонија се наоѓаат пред најголемиот предизвик да го одбранат името на државата.
Сакаат да го уништат вечното македонско име и идентитетот, јазикот и културата, со еден збор-сакаат да не избришат од светската мапа на нации. Затоа сме собрание денеска тука, тоа нема да им го дозволиме. Оваа битка е поголема од предавничката на власта. Ја спречуваме промената на името. На Илинден им сметаше МТВ, бојкотот значело прифаќање на Договорот со Грција а тоа е лага. Ќе им остане предавството. Новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците, рече Бачев.
28 организации потпишаа меморандум и формираа т.н Кризен штаб за кампањата и најавија дека ќе одат од врата на врата да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдумот.