Трикови за полесно учење и помнење

Постојат неколку научно докажани трикови за полесно учење. Без разлика дали имате 7 или 27 години, едно е сигурно, никому не му е лесно да учи. Статистиките покажуваат дека во последните пет години концентрацијата и способноста за учење опаднала за 45 отсто во однос на претходните години.

Поради тоа науката одлули да им помогне на младите генерации и да осмисли план и трикови што ќе им помогнат во учењето.

Еве неколку научно докажани трикови за полесно учење.

  1. Учете кога сте поспани

Кога учите кога сте поспани, мозокот ќе прими само одреден дел од материјата (можеби и помалку од вообичаено), но затоа сонот ќе ви помогне се добро да запомните. Додека вие спиете мозокот ги „засилува“ ново примените информации, така што шансите за помнење се значително поголеми.

  1. Менувајте го местото

Научниците тврдат дека секој пат кога ќе учите, тоа да го правите на некое друго место и локација и ќе имате поголеми шанси да ја запомните поминатата материја. Доколку времето е убаво, тогаш можете да учите во парк, а кога е студено или кога паѓа дожд, тогаш учете дома, а ако во домот има гужва, тогаш можете да појдете во библиотека или читална. Важно е секогаш да имате нешто ново, со помош на што мозокот полесно ќе ги помни информациите.

  1. Направете пауза

Не е добро да учите многу работи наеднаш. Мозокот може да прими само одредена количина знаење, пред да почне автоматски да „ги брише“ информациите што не се важни за него. Затоа би било најдобро да почнете да учите ба време, така што материјата може убаво „да легне“.

  1. Раскажете приказна

Доколку научената материја ја претворите во бајка или во некоја интересна приказна, многу полесно ќе запомните се што сте научиле досега. Пронајдете некого кому ќе му ја прераскажете приказната, затоа што на тој начин мозокот ќе ги процесуира информациите и на тој начин  ќе ги складира во меморијата.

  1. Читајте на глас

Мозокот многу подобро помни кога нешто изговарате на глас додека учите. Претварајте се дека предавате пред вашиот клас и изговарајте ја материјата на глас.