„Трипл лист“: Македонија нуди проклето добри јадења

Пaстрамајлијата, ајварот, гравчето во тавче и вината се специјалитетите по кои Македонија ја препознаваат гурманите во светот, пренесува МИА.

Токму овие национални специјалитети придонесоа Македонија да се најде на 23. место на листата на држави од Европа со најдобра понуда на храна типична за земјата, што ја подготвува глобалниот веб сајт магазин „Трил лист“ (Thrillist).

– Земјата во својата понуда на домашни специјалитети нуди некои проклето добри јадења, вклучувајќи ја и превкусната пастрмајлија, која тешко се изговара. Се подготвува од печено тесто на кое му се додава пушено месо исечено на коцки. Тука е и ајварот и тавче гравче – грав подготвен во тава. Нивните вина, пак, особено од Тиквешкиот регион се исто така, добри, велат авторите на текстот кои за подготовка на листата посетиле 39 од 48-те држави.

tavce-gravce

trillist

Инаку, првите три места на тн Трил-листа се Италија, Франција и Шпанија, а последни се Црна Гора, Фарските Острови и Ватикан.

Трил лист магазинот е интернет списание за животен стил кое дава препораки и информации за градови и дестинации низ светот во однос на најдобрите места за храна, пијалоци, забава, шопинг..