Тројца Јапонци загинаа во терористички напад во Тунис

Јапонија ја потврди смртта на тројца свои државјани и тројца ранети во вчерашниот терористички напад во Тунис, објави МИА.

Претходно премиерот на Тунис, Хабиб Есиб, зборуваше за петмина убиени Јапонци во нападот.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и Советот за безбедност на светската организација, во одделни изјави, остро го осудија терористичкиот напад. Советот за безбендост изрази увереност дека нападот нема да го оттргне Тунис од неговиот пат кон демократрија.