Тунтев: Поднесуваме закони од клучен интерес за граѓаните, сите пратеници да дадат поддршка

Непосредно пред почетокот на парламентарните седници што треба да се одржат во наредниот период сакам да ја известам јавноста дека пред пратениците ќе се најдат пакет закони кои што се од клучно значење за граѓаните, посебно за економско ранливите категории, рече во петокот Томислав Тунтев, координатор на пратеничка група на СДСМ во Собранието.

„Со оглед на тоа што, поради почетокот на изборната кампања во пресрет на локалните избори, Собранието најверојатно ќе заседава најдоцна до 25 септември, исклучително е важно работата на парламентот во наредниот период да биде ефикасна и со конкретни резултати. Искуството што го имавме со седницата за разрешување на поранешниот јавен обвинител не обврзува да бидеме внимателни и претпазливи бидејќи можно е да очекуваме нови блокади, но ја користам оваа прилика апелирам до опозицијата за конструктивност од нејзина страна, бидејќи во овој случај единствено можеме да зборуваме за интересите на граѓаните пред партиските интереси“, рече Тунтев.

Во пресрет на локалните избори тој најави дека СДСМ поднесув пакетот закони за коишто ќе дебатираме во наредниот период ги опфаќаат социјално загрозените лица – работниците кои примаат минимална плата, стечајците, ги опфаќаат сите оние кои очекуваат евтина дневна и викенд тарифа на струјата, укинување на радиодифузната такса, инт.

Од тие причини очекуваат, како што рече Тунтев, дека за овие проекти поддршка ќе дадат не само пратениците од парламентарното мнозинство, туку и оние од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА.

„Во тој контекст, вчера и денеска побарав поддршка за конкретно овие три закони од сите парламентарни групи. Значи, популарно наречените закон за минимална плата, закон за стечајните работници и законот за укинување на радиодифузната такса. Побарав да ги донесеме по скратена постапка како предлог од група пратеници, односно да бидам по конкретен како предлог од координаторите на пратеничките групи. Во тек е очекувањето на поддршката од опозцијата, инаку ако ја добиеме до крајот денеска на работното време така ќе ги поднесеме со нивна поддршка, ако не тогаш ќе ги поднесеме како координатори на пратеничките групи од парламентарното мнозинство. И очекувам овојпат, дека интересот на граѓаните ќе биде, пред партискиот интерес“, рече Тунтев.

Тој ја префрли евентуалната вина од неминувањето на овој популистички закон врз ВРМО-ДПМНЕ

„Со евентуалното блокирање на Предлог-законот за минимална плата ќе се оневозможи:Прво, усогласување на минималната плата на вработените во текстилната и индустријата за производство на кожа, кои што изминативе години биле обесправени и земале плата пониска дури и од утврдената минимална плата. Второ, ќе се оневозможи покачување на минималната плата на 12.000 денари нето износ. Со блокирањето на Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, ќе се оневозможи материјално да се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 година заклучно до 30.јуни 2017 година“, рече Тунтев.

Станува збор за популарно наречениот Закон за стечајци со кој според предлогот на СДСМ секое невработено лице кое најмалку најмалку 15 години било во работен однос во претпријатие со доминантна државна сопственост и кое во денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години за жени и 55 години за мажи, да стекне право на паричен надомест во висина 7.596 денари месечно. Во пакетот закони што ќе се најдат пред пратениците во наредните три седмици е и регулативата за укинување на Радиодифузната такса, отакако Владата веќе донесе одлука но мора да се извршат измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Со оглед на тоа што овој предлог закон беше предложен од страна на опозицијата минатата година т.е. од страната на СДСМ и тогаш здружената опозиција и со оглед на фактот дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го препишаа ова законско решение и минатиот месец го предложија како сопствено законскo решение, меѓутоа го предложија пред да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот. Затоа очекуваме дека сега ќе го поддржат и дека заедно едногласно ќе ги усвоиме овие законски измени. Оваа мерка заедно со мерката за враќање на евтината дневна и викенд тарифа на струјата ќе претставува помош за буџетот кај сите граѓани на Република Македонија. И уште еднаш да повторам дека за сите овие законски решенија, со кои им се помага на граѓаните, ќе биде побарана поддршка од сите пратеници, вклучително и од опозицијата. Граѓаните и нивните интереси треба да не обединуваат во овој законодавен дом, бидејќи поради нив сите ние сме тука“, рече Тунтев.