Балкан

Во Турција уапсени 21 припадник на ИД

Во Турција уапсени 21 припадник на ИД

Дваесет и едно лице е приведено од страна на турската полиција, под сомнение дека се членови на џихадистичката организација Исламска држава.

Меѓу уапсените тројца се странци.

Апсењата се спроведени во рамките на полициските рации во повеќе турски градови, вклучително и Истанбул, како и провинцијата Санлиурфа во близина на сириската граница.

Приведените лица се сомничат дека и помагале на ИД во регрутирањето на членови од Европае.

Не е објавена националноста на уапсените странци, кои планирале да пребегнат во Сирија.

Во досега најголемата акцијата насочена кон ИД во Турција, запленето е оружје, муниција, документи на ИД, како и електротехничка опрема и воени униформи.