Турски граничари застрелаа сириско семејство од 11 лица

Турција нема да праќа нови војници во Ирак, но не ги повлекува тие што веќе се таму
Турција нема да праќа нови војници во Ирак, но не ги повлекува тие што веќе се таму

Турски граничари застрелале сириско семејство кое се обидувало да избега на територијата на соседната држава, јави Скај њуз Арабија, пренесе МИА.

Според телевизијата, турските војници отвориле оган врз група Сиријци кои сакале да ја преминат границата крај селото Џиср ел-Шухур во обид да се спасат од воени акции во провинцијата Идлиб.

Во тој инцидент што се случил ноќеска, загинале 11 луѓе од едно сириско семејство меѓу кои имало жени и деца.