Туск: Европа неможе да ги прими сите мигранти

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск изјави дека ЕУ неможе да ги прими сите мигранти кои ќе допловат до нејзините брегови и дека ќе мора да осмисли нова политика за нивно одвраќање, со цел да се реши тој проблем.

-Јас сум реалистичен и мислам дека пред се мораме да осмислиме нова политика за одвраќање на мигрантите, односно политика за нивно испраќање назад дома, рече Доналд Туск во интервју за послкиот весник „Полска тајмс“, а пренесува Ројтерс.

Тој вели дека на одговорен начин може да се говори за прифаќање на само ограничен број мигранти.

– Тие што велат ајде „да ги отвориме вратите“ се цинични, затоа што знаат дека тоа не е возможно, истакна претседателот на ЕС.

Европската комисија планира до крајот на годината да воведе мерки за да обезбеди товарот од прифаќањето мигранти праведно да се распредели меѓу членките на ЕУ, а меѓу мерките ќе биде и воведување на квоти за прифаќање бегалци, кои се засноваат врз економската состојба и бројот на жители во земјите.