„Твингоманија“ и донесе ново Рено Твинго на Елена од Скопје

Инстант лотаријата „Твингоманија“ на Државна лотарија на Македонија,  изнуди насмевка на уште  еден добитничка, овој пат од Скопје.

Јуруковска Елена купила  неколку инстант лозови  Твингоманија од среќното место Толакс, лоцирано во ТЦ Скопјанка. Инстантите ги одбрала сама, а среќата и се насмевнала, во моментот кога ги здогледала трите заштитни знаци на Рено, во тој момент сфатила дека ќе добие нов автомобил Рено Твинго.

Денес тимот на Државна лотарија на Македонија и ги предаде клучевите пред  Капитол Мол во скопски Аеродром во присуство на верни играчи на игрите на среќа кои во моментот беа на продажното место на Државна лотарија.

Од тука Елена видно возбудена замина со својот нов автомобил.

1tvingomanija

Само за потсетување инстант лотаријата „Твингоманија“ нуди 40 добивки Рено Твинго, па затоа не пропуштајте ја шансата за само 40 денари да возите нов автомобил.

Денешната добитничка  е редовен играч на игрите на среќа  и таа како и многумина до сега порача: КОЈ ИГРА, ТОЈ И ДОБИВА.

ЗА  ДОБРО!

Државна лотарија на Македонија