Уапсен маж кој подготвувал напад во Канзас

Уапсен маж кој подготвувал напад во Канзас
Уапсен маж кој подготвувал напад во Канзас

Маж од американската сојузна држава Флорида беше уапсен и обвинет дека планира да активира бомба на настан во градот Канзас во спомен на нападите од 11 септември 2001 година, соопшти Министерството за правда на САД.

Дваесетгодишниот Џошуа Голдберг е уапсен под обвинение за ширење информации, поврзани со експлозиви, опасни материјали и оружја за масовно уништување.

Голдберг му дал на друг човек информација како да направи бомба од лонец под притисок и да ја наполни со метални парчиња и други предмети натопени во отров за глувци.

Тој му дал инструкции на друг човек да ја постави бомбата на местото во Канзас, каде треба да има церемонија по повод 14 годишнината од нападите на 11 септември.