Уапсени екс-пратеник на СДСМ, познати бизнисмени и вработени во Министерството за одбрана

Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес со роднините и и директорот на компанијата Сувенир Самоков се меѓу уапсените во големата полициска акција утрово за криминал тежок 2,5 милиони долари. Според веќе објавените информации, тие преку голем број во странство и нерезидентни сметки го оштетиле буџетот за 2,5 милиони долари, пишува Пресс24.

Нелко Менкиновски порано важеше за близок соработник на Владо Бучковски додека тој беше министер за одбрана. Во истото време работеше и во истото министерство. Неговото име е меѓу осудените во аферата „Тенковски делови“ каде доби 2 години затвор во првостепената постапка, а Апелација казната му ја намали на условно.

Ванчо Георгиев, поранешен пратеник од редовите на Собранието од СДСМ и сопственик на фирмата Деликатес, беше еден од најголемите финансиери на сегашната опозиција и сопственик на фирмата Деликатес, со која во деведесетите финансираше и кошаркарски клуб од Кочани, со кој два пати беше вицешампион во македонската кошаркарска лига. Горгиев во моментов работи во градежниот бизнис.
Покрај Геориев, уапсени се и членови на неговото семејство.

Меѓу познатите бизнисмени кои се сомничат за перење пари е и директорот на Сувенир Самоков.