Убиениот таксист во Белград е Македонец

Четириесет иедногодишниот Кире Тренески, кој работел како таксист во такси компанијата „Пинк такси” е убиен во белградската населба Падинска скела. Тој бил убиен со повеќе куршуми во градите.

Српските медиуми јавија дека жртвата е Македонец.

Недалеку од местото каде синоќа околу 20 часот беше пронајден таксистот, било пронајдено уште едно безживотно тело, дознава српскиот Ало и најавува повеќе податоци за подоцна.

Македонецот бил изрешетан со повеќе куршуми во градите и потоа фрлен на улица.