Ученици од „ Арсение Јовков “ завршиja во болница

Обесзбедувањето на средното економско училиште „ Арсение Јовков “ денес поднеле пријава дека околу 16:30 група ученици излегле од училиштето и се пожалиле на печење во очите и грлото, пишува Прес 24.

Повикана е Брза помош и децата се пренесени во клиниките во Скопје. Се постапува на утврдување во кои клиники се сместени учениците.

Местото се обезбедува се до доаѓање на екипи од МВР за утврдување на причините за настаната ситуација.