Украден златен накит од стан во Скопје

Вчера во Скопје на ул.„Бранислав Нушиќ“ непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата од стан сопственост на А.Т.(38) и извршил тешка кражба.

Крадецот одзел златен накит и го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 21.000 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.