Украина: 119 полицајци се повредени во судирите во Киев

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека 119 вработени побарале медицинска помош по судирите во Киев, а од нив 80 се наоѓаат во болница, пренесе „РИА Новости“.

„Сто и деветнаесет вработени во органите за внатрешни работи побарале медицинска помош, 80 од нив се хоспитализирани“, се вели во официјалното соопштение од министерството.

На повеќе повредени им се дијагностицирани сериозни повреди на главата, скршеници, изгореници, рани и труење со непознати супстанции.